Секој има свој омилен топол напиток за добар сон

56

Топлиот напиток помага за најлесно и најудобно да се пренесете во светот на соништата без мачење и борење со несоницата. Ако барем еднаш сте искусиле да не заспиете по доцновечерно кафе, знаете дека не се кој пијалок е добар избор за повикување на цврст и спокоен сон.

Многумина без размислување би одбрале зелен чај, ама забораваат, или не знаат, дека и зелениот чај содржи кофеин.

Сепак, ако веќе морате да го повикате сонот со некој топол напиток направете го вистинскиот избор.

Топло темно чоколадо
Да, темното чоколадо содржи високо ниво на кофеин, кој ги зголемува отчукувањата на срцето, ама ефектите варираат од човек до човек. Токму како што и кафете не дејствува исто на сите, така и чоколадото не ѝ пречи на работата на срцето кај сите. Ако редовно уживате во него и не сте забележале никакви негативни ефекти, загрејте шолја млеко и измешајте неколку коцки темно чоколадо.

Топло млеко
Калциумот помага во смирувањето на централниот нервен систем, а лактозата(природниот шеќер што се наоѓа во млекото) може да влијае на ослободување на ендорфинот кој ослободува од стрес. Млекото исто така ја содржи аминокиселината тритофан, која мозокот ја користи за производство на серотонин, кој ја забавува нервната активност за да му помогне да заспие.

 

Растителен чај
Камилицата се користела за лечење на несоница во стариот Египет. Останатите смирувачки инфузии кои помагаат во намалувањето на стресот и полесно заспивање се ѓумбирот, портокалот и медот.