Секој ден по едно срце за ужинка

75
epa10184583 Erling Haaland of Manchester City reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Бомбардерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, важи за еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Стручњаците постојано се прашуваат што е тоа кое има толку големо влијание кога е во прашање формата на норвешкиот интернационалец, а еден од клучните фактори може да биде неговата исхрана.

Тоа што го јаде Халанд многу се разликува од храната која ја користат останатите фудбалери. Фудбалските медиуми открија дека напаѓачот на Манчестер Сити јаде голема количина на внатрешни органи, а тоа беше потврдено и за време на интервјуто кое Халанд го имаше со новинарот Виаплаиа Јана Аге Фјортоф.

  • Тоа што ми го покажуваш е срце? Тоа ти јадеш? Нормално дека тоа го јадам. Се грижам за моето тело, затоа ги јадам најквалитетните производи. Голем е бројот на тие кои се скептични кога е во прашање конзумацијата на овој вид месо, тие најчесто тврдат дека тоа не е здраво. Јас, моето место го добивам од еден производител чии животни пасат на отворено и во нивното тело нема фармаколошки работи, откри Халанд.

Сонародникот на Халанд, светски познатиот скијач, Емил Иверсен, призна дека е воодушевен од фудбалерот и од неговиот начин на исхрана, но додаде дека повеќе му се допаѓа нормалната храна, која може да си ја дозволи.

  • Јас јадам салама и шунка. Не можам да си дозволам некакво срце или друг поквалитетен производ. Ерлинг заработува многу повеќе и можам да го сфатам зошто јаде такви производи. Мојата храна ја купувам во маркетите, додека Халанд нарачува храна која ја добива со помош на приватен авион. Тука е разлика, се нашали Иверсен.

И нутриционистите открија што мислат за исхраната на фудбалерот на Манчестер Сити. Тие потврдија дека изнутриците имаат многу витамини и минерали, но тие не влијаат на неговата форма. Нема чврст доказ дека јадењето на срце или некој друг внатрешен орган влијае врз играта на зелениот терен.

  • Има такви спортисти кои се одлучиле за таква исхрана, додека останатите се фанови на класичните оброци, истакна нутриционистот Хавард Рисе.

Репрезентативецот на Норвешка ова лето си замина од редовите на Борусија од Дортмунд и потпиша за Манчестер Сити. На одиграните 10 натпревари во дресот на популарните „граѓани“, Халанд постигна 14 погодоци, од кои 11 во Премиер лигата.