Секое семејство ќе добие по 30.000 денари со поврат на ДДВ

396

Владата од 1 – ви јули се очекува да ја активира новата мерка со која 15 % од платениот ДДВ, ќе го враќа на граѓаните.

Еден од начините како да се вратат парите кон граѓаните е преку враќање на 15 % од платениот ДДВ од нивните потрошувачки сметки.

За секој купен производ или искористена услуга за коишто државата наплаќа ДДВ преку фискалните сметки, 15% од вкупниот платениот износ за ДДВ ќе се враќаат на сметка на граѓаните.

Па така според пресметките би дошла една одлична сума од околу 30-тина илјади денари просечно за секое семејство во Македонија.

Со плата плус дома, луѓето ќе можат да испланираат годишен одмор, или детска соба за своето дете, или ќе покријат некоја кредитна картичка или дел од заостанат долг.

Дека за Владата битно е значењето и почитувањето на паролата “Зборот е збор”, доказ се евтина тарифа на струјата, укината радио-дифузна такса, помалите казни, опомените пред казни, отписот на долгови, укинатите извршителски трошоци, зголемената социјална помош за 300%.