Сезонските работници во Црна Гора ќе земаат ист минималец како државјаните

57

Минималната плата за странските државјани во Црна Гора, од 1 јули ќе бидат еднкави како и за домашните работници. Министерството за внатрешни работи, како што пренесува порталот ЦдМ, го изменило Правилникот за обрасци, блиските услови и начините за издавање на дозволи за привремен претстој и работа на дело која се однесува на износот на минималната плата за странските државјани, односно минималната плата е прилагодена на минималната плата во Црна Гора.

Како што соопштуваат од МВР, дефинирано е дека со доказот за поседување на средства за издржување за издавање на дозволи за привремен претстој и работа се смета напишана понуда од страна на работодавачот за вработување на странци на одредено работно место, во која е наведен минималниот износ на платата која не може да биде помала од минималната плата во Црна Гора.

“На тој начин се отстранува дилемата која постоела во примената на претходниот правилник и се изедначуваат правата на домашната работна сила со правата на странските работници, односно за иста работа ќе следува иста плата, без оглед на тоа од каде е вработениот“, додаваат од МВР, пренесува Бизнис Телеграф.

Истакнуваат дека наведената измена обезбедува поповолен економски амбиент и адекватна работа сила во пресрет на туристичката сеозна.