Седум дрвја на улицата „Јуриј Гагарин“ утре ќе бидат исечени

255

Утре ќе бидат исечени седум дрвја што се наоѓаат на улицата „Јуриј Гагарин“, број 49, информираат од Општина Карпош.

Сечењето ќе се изврши бидејќи при непосреден увид на посочената локација, екипи од ЈП „Паркови и зеленило“ утврдиле дека шест дрвја се целосно суви, а кај седмото е забележано дека, дел од кореновиот систем е надвор од почвата.

Од Општината велат дека според образложението на ЈП „Паркови и зеленило“, постои опасност некое од дрвјата да падне и да причини несакана материјална или друга штета и ги замолуваат граѓаните да ги отстранат возилата за да можат службите непречено да ја извршат својата работа.