Седница на Совет на Град Скопје

87

Набавката на две нови специјализирани возила за превоз на лицата со потешка инвалидност е една од точките за која ќе расправа Советот на Град Скопје на денешната 26-та седница. Со оваа одлука е предвидена набавка на две моторни возила приспособени за превоз на лица со потешка инвалидност со зафатнина на мотор 1600 – 2200 цм3 ХДИ.

Овие возила ќе се приклучат во системот на услуга за овие лица која Градот Скопје и ЈСП-Скопје ја нудат изминативе девет години, каде што за лицата со потешка инвалидност се овозможува организиран превоз со адаптирани возила за разни потреби, како за добивање здравствени услуги, превоз до училиште, работното место и слично.

На денешната седница Советот ќе расправа и за одобрување на финансиски средства за набавка на електрични машини за чистење, со која треба да се набават 12 електрични машини за вакуумско собирање смет во вредност од 19.500.000 денари. Набавката на овие машини ќе придонесе за подобрување на условите за работа на јавното претпријатие и за подобрување на состојбата на хигиената во градот.

На денешната седница Советот ќе дискутира и гласа и за повеќе точки од областа на буџетот на Град Скопје, измени и дополнување на правилници за работа на Град Скопје, поголем број на регулациски урбанистички планови, ќе се разгледуваат инвестиционите програми на градските јавни претпријатија за 2019 година, за утврдување на вредноста на висината на бодот кај градската администрација и вработените во јавните градски претпријатија, а ќе се дискутира и за работните програми на Град Скопје за 2019 година.