Сега доаѓа најтешкиот дел

37
LIVERPOOL, ENGLAND - MARCH 01: Bruno Fernandes of Manchester United acknowledges the fans following the Premier League match between Everton FC and Manchester United at Goodison Park on March 01, 2020 in Liverpool, United Kingdom. (Photo by Jan Kruger/Getty Images)

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш очекува тешки моменти по продолжувањето на актулната сезона во Премиер лигата.

  • За мене, девет натпревари не се доволни, затоа што сега доаѓа најтешкиот дел. Другите играчи се запознаени со вашата игра, како се движите, како подавате, шутирате. Нештата ќе бидат тешки сега. Сега треба да го подигнам моето ниво и да работам повеќе. Да ги разберам повеќе тимовите против кои играм, затоа што тие ќе знаат повеќе за мене. Морам да бидам подготвен за тешкотиите, изјави Португалецот.

Поранешниот фудбалер на Спортинг од Лисабон многу брзо се прилагоди на англискиот шампионат. Тој на одиграните 9 натпревар постигна 3 гола и запиша четири асистенции.

  • Не е како да трчате повеќе во Англија, бидејќи трчањето е исто во Италија и Португалија, но веројатно треба да трчате повеќе со поголемо темпо. Вие се враќате побрзо и понекогаш кога ќе ја освоите топката, тоа ви отвора места, додаде Фернандеш.