Северна Кореја бележи нови 186.090 нови инфекции за еден ден

109

Северна Кореја објави дека се регистрирани уште 186.090 случаи со симптоми на „треска“ и уште една смрт при борбата со првата потврдена епидемија на Ковид-19, објави државната агенција КЦНА.

Сепак, од оваа бројка на пациенти не се знае точно колку се позитивни на корона вирусот, објави Ројтерс.

Бранот на ширењето на корона вирусот минатата недела ја зголеми загриженоста за недостатокот на вакцини, несоодветната медицинска инфраструктура и потенцијалниот недостиг на храна во земјата со околу 25 милиони луѓе, која одби странска помош и ги држеше своите граници затворени, објави британската агенција.