Северина, дај искарај си го свекорот Кеба!

129

– Кога брзам на снимање, а францускиот педикир не ми се исушил, пишува во опис на фотографијата на популарниот пејач, свекорот на Северина, Драган Којиќ-Кеба, а објавено е на страницата „Женски работи“. Што му се случи на Кеба да облече вакви црно-златни сандали никој не може да разјасни? Но затоа луѓето коментираат дека му се позајмени од сандалите на снаата Северина што секако не е докажано дека е така. Шегобијните коментари на сметка на пејачот не престануваат. Луѓето непрестано се смеат. Јасно е дека на плусс 44 степени Кеба сака да ги разлади нозете, но ваквите сандали, кои тој ги носи, треба веднаш да ги фрли во контејнер! Без разлика на тоа што Кеба убаво си ги искомбинирал сандалите со црната маица и искинат џинс.

Инаку овие сандали се од минатогодишната колекција на летни обувки од италијанската модна куќа „Ѓузепе Заноти“, а цената им е околу 700 евра. Така што…ајде Кебо, среди си ги своите модни желби, и конечно облечи сандали со кои навистина нема да предизвикуваш потсмев. Северина, дај искарај си го свекорот! Д.М.