Северина ги спобудали обожавателите – разголена, во бел летен фустан од 1.888 евра на Викторија Бекам

467

Секси провокативна!

Кој може вака да ужива во животот ако не контроверзната и обожавана Северина? Популарната пејачка е на летен одмор во Франција и со неколку секси фотографии од францускиот приморски град Бијариц ги спобудали мажите. Се гледа дека има вкус за модни комбинации.

Долгиот бел фустан е од брендот „Долче и Габана“, романтично издание на британската дизајнерка Викторија Бекам. Северина сподели фотографии, „а третиот е во боја“, напиша Северина, позирајќи во фустанот со смело деколте.

„Колку убаво ти стои овој фустан!“, „Слатка си и мила“, „Секогаш си толку елегантна“, „Убавица си, другите жени треба да ти завидуваат“, „Мажите тешко дека ќе издржат да не направат некоја беља“, „Сакам да те видам во живо во овој фустан“… се дел од коментарите под фотографијата.

Инаку, фустанот со потписот на Викторија Бекам е од колекцијата „Ready to wear“ за ова лето 2024 година. Само е еден, нема копии, така што е и ексклузивен. Изработен е од вискоза и од сатен. Задниот дел е отворен, со исклучок на тенката лента каде што се спојуваат ремените, која паѓа по грбот. Промотивната  цена му е 1.888 евра.  Д.М.