По промовирањето на новите лица во последниот собраниски состав, СДСМ со “старите волци“, кои имаат стаж од неколку мандати во македонското собрание, на овие избори повторно ќе ја бара довербата од граѓаните. Извори од „Бихаќка„ за весникот ВЕЧЕР , брифираат дека во изминатиов период на внатрепартиските анкети се нашле скоро сите поранешни пратеници на СДСМ, со исклучок на Софија Куновска, Весна Бендевска и уште неколку други пратеници, кои како и во изминатиот период така и сега гласно се противат на одлуките на актуелното раководство, на чело со Зоран Заев. Од „Бихаќка „ велат дека веќе е извесно дека на листата за пратеници за овие парламентарни избори нема да бидат Фросина Ременски, за која има обвинение за случајот со „Меѓународен Сојуз„ , Мира Стојчевска, позната по енормните сметки за патни трошоци и уште неколку други имиња кои според партијата не го дале очекуваното во изминатиот период.

 

 

Марјанчо Николов, Ана Павловска Данева, Маринела Маричиќ-Тушева и уште неколку други имиња од претходните собраниски состави повторно ќе се најдат на кандидатската листа на СДСМ. По промовирањето на новите лица во последниот собраниски состав, СДСМ со “старите волци“, кои имаат стаж од неколку мандати во македонското собрание, на овие избори повторно ќе ја бара довербата од граѓаните. Извори од „Бихаќка„ за весникот ВЕЧЕР, брифираат дека во изминатиов период на внатрепартиските анкети се нашле скоро сите поранешни пратеници на СДСМ, со исклучок на Софија Куновска, Весна Бендевска и уште неколку други пратеници, кои како и во изминатиот период така и сега гласно се противат на одлуките на актуелното раководство, на чело со Зоран Заев.

Иако лидерот на СДСМ Зоран Заев во неколку наврати потенцираше дека на овие избори повторно ќе излезе со нови, но и млади кандидати, во внатре партиските анкети, брифираат нашите извори, одлично котирале и поранешните пратеници кои направија пауза од пратеничката работа.

Од „Бихаќка „ велат дека веќе е извесно дека на листата за пратеници за овие парламентарни избори нема да бидат Фросина Ременски, за која има обвинение за случајот со „Меѓународен Сојуз„ , Мира Стојчевска, позната по енормните сметки за патни трошоци и уште неколку други имиња кои според партијата не го дале очекуваното во изминатиот период.

фото архива ВЕЧЕР

Веќе е извесно дека Заев повторно ќе се потпре на Мила Царовска, Снежана Калеска-Ванчева, Горан Сугарески, Костадин Костадинов, Хари Локвенец, како и на Мухамед Зеќири, кои важат за негови најблиски соработници и во партијата.

Неизвесно е каков ќе биде пазарот со БЕСА на Билал Касами, откако партиите потпишаа предизборна коалиција за заеднички настап на парламентарните избори.

Носителите и кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори СДСМ ќе ги објави на конгресот на партијата што ќе се одржи на 9 март.

Претседателот на СДСМ рече дека до крајот на февруари во дека во СДСМ се правела селекција од преку 750 кандидати за пратеници и оти тоа го прават странски и домашни експерти, и политичари од СДСМ, се разгледуваат нивните биографии, а паралелно се одвивале и анкетите за да се изберат најдобрите. Лидерот на СДСМ рече дека има многу добри кадри кои не се нафаќаат да се занимаваат со политика.

Инаку, лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, се убедени дека ќе бидат победници на предвремените парламентарни избори на 12 април, но ја исклучуваат можноста да направат широка коалиција. Заев во дуелот на ТВ Канал 5 најави дека СДСМ на изборите ќе настапи како мултиетничка партија, а Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се претстави како македонска политичка партија.

Сепак, Заев не ја исклучува можноста за широка коалција, но откако ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби на изборите и Мицкоски ќе си даде оставка, по што ќе се европеизира партијата.

Најави дека тој ќе биде носител на листата во четвртата изборна единица и го покани Мицкоски да се пресметаат на домашен терен. Нагласи дека за него одговорност пред народот е да биде носител на изборна листа, а не шпицен кандидат, што може да се протолкува како бегање од одговорност.

Мицкоски, пак, истакна дека дал предлог за шпицен кандидат за мандатар на идната влада, според него тоа е морална вертикала, но конечната одлука за тоа дали ќе биде шпицен кандитат или носител на листа ќе се знае неделава на ЦО на партијата.

Јованка Царулеска Груевска