СДСМ: Не се работи за нови вработувања, туку за обновување договори

37

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионализацијата на институциите и затоа шири лажни вести

Партизиција на администрацијата и масовни вртаботувања заради партиски потреби во изборни цели беше одлика на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

Денес, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни информации преку кои се обидува да ја манипулира јавноста.

Според јавно достапните информации, не станува збор за никакви нови вработувања како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку се работи за обновување на договорите на веќе вработени лица кои што во овој период се истечени и потребно е нивно продолжување.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешниот реформски процес во администрацијата што обезбедува независни, професионални и ефикасни државни институции киоишто работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на партии или поединци.

Социјалдемократски сојуз на Македонија

Центар за комуникации со јавноста