СДСМ: Децениската неправда кон војниците ја исправи Владата на СДСМ

11


Војниците и АРМ цела деценија беа заборавени и целосно запоставени од криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Единствено нешто за што режимот на ВМРО-ДПМНЕ се грижеше беше богатењето на фамилијата.
Децениската неправда кон војниците на АРМ го исправа Владата предводена од СДСМ и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Владата предводена од СДСМ ги зголеми платите на војниците за 10 посто прв пат после долги години, го зголеми буџетот за Армијата, се обезбедува враќање на плаќањето на дежурствата за сите припадници на АРМ. Дополнително, се инвестира во подобро опремена армија, обезбедени се средства за униформи и чизми за сите припадници на АРМ, за набавка на возила и инженерски машини за зголемување на капацитетпт на АРМ.
Оваа година АРМ ја прослави 26 годишнината како Армија на држава со НАТО покана да стане 30-та земја членка. Тоа значи обезбедена и стабилна иднина на Македонија што е светлосна разлика во однос на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести. Како што веќе соопшти Министерството за одбрана не е точно дека се укинуваат линиите за превоз на војската, напротив опфатени се сите релации а за дел од нив е направено и проширување.
Хистеричното ширење лаги поврзани со АРМ повторно го отвора прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ сака да се идентификува со структутите на кои им пречи членството на Македонија во НАТО.
Центар за комуникации на СДСМ