СВР Скопје ја почна кампањата „Лето без пожари“

78

Одделението за превенција при СВР Скопје почна кампања „Лето без пожари“ со активности на паркингот на Средно Водно.

Кампањата се одвива во соработка помеѓу Град Скопје, Противпожарната бригада на Град Скопје и Црвениот крст на Град Скопје со цел превенција од пожари на отворено во летниот период.

Полициски службеници ќе остваруваат средби со рекреативците посетители на ,,Парк шумата Водно”.

По случаен избор ќе запираат патнички моторни возила и на возачите ќе им се укажува за можните ризици од појавата на пожар, штетите од евентуалната појава на пожари на отворено и укажување од можните последици од палењето на оган на отворено.

Активностите ќе продолжат во летниот период преку остварување средби со граѓани и следење на состојбата на терен, превентивно делување со цел намалување на предизвикани пожари од невнимание.