„Свислион“ целосно го презема „Агроплод“

302

„Свислион“ е пред целосно преземање на „Агроплод“ АД Ресен, со откуп на преостанатите триесетина проценти акции.

-Понудата за преземање беше прифатена од вкупно 13 сопственици на акции со право на глас во „Агроплод“ АД Ресен, кои поседуваат вкупно 7.956 обични акции, што претставува 30,05% од од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од „Агроплод“, извести ресенската кондиторска компанија преку Македонската берза.

Во соопштението објавено преку Берза се наведува и дека во понудата за преземање не бил определен услов за најмало количество обични акции со право на глас која треба да биде прифатена за понудата за преземање да се смета за успешна. Врз основа на тоа се наведува дека понудата за преземање е успешна.

Инаку, „ Свислион“ од 2006 година е мнозински акционер во „Агроплод“. Ресенската фирма е основана во 1967 година и главно се занимава со производство на храна, но исто така поседува и хотелски капацитети.