“Свеќичката Оги” нова серија за деца на македонски јазик

38

На Јутјуб каналот со емитување започна он-лајн серијата за деца од претшколска возраст на македонски јазик “Свеќичката Оги”.” Сите деца може да ги следат авантурите на најсимпатичната роденденска свеќичка во земјата на соништата, Дримленд. Преку другарувањето со Свеќичката Оги, Тортичка, нилското коњче Лила и бувот Бубу, децата ќе се забавуваат и ќе го запознаваат светот преку игра, смеа и песна. Серијата е на македонската компанија Дримленд, сопственик на ланец игротеки во Скопје.

“Веруваме дека многу родители ќе се согласат со нас дека на интернет недостасуваат содржини за деца на македонски јазик. Тие понекогаш поминуваат и по неколку часови на телефон и таблет конСумирајќи Јутјуб видеа на англиски, српски, хрватски, па и на други јазици, во клучни возрасти кога се развиваат нивните когнитивни способности, меѓу кои и говорењето на мајчиниот јазик. Како семејна компанија чија дејност е поврзана со растењето и развојот на децата, решивме да направиме серија која ќе им нуди забава, водејќи грижа тоа да биде и корисно за нив”, изјави сопственикот на Дримленд Игротеки, Александар Јаковлески.

Со “Свеќичката Оги” и другите ликови од Дримленд, дечињата ќе ги учат бројките, буквите, боите, формите како и многу други активности кои се важни за нивниот психички развој. Сето тоа низ игра, забава и популарни детски песнички, меѓу кои поголем дел се за првпат испеани на македонски јазик

“Свеќичката Оги” е комбинација од играна акција и анимација, така што во неа се е цртан филм освен главниот лик кој е всушност и новата маскота на Дримленд и со кого децата ќе можат да имаат интеракција во живо, во самите игротеки.

https://youtu.be/wCWBKC4Y9cs