Свештеникот со приватен авион: Ако сакате Исус да се врати, испразнете ги паричниците – Бог го сака тоа

100

Ако луѓето сакаат Исус да се врати, ќе мора да прокопаат подлабоко во своите паричници и да донираат повеќе за црквите. Така барем вели евангелистичкиот проповедник Џеси Дуплантис.

За време на неодамнешниот ТВ пренос во живо наречен „Викторитон“, Дуплантис тврди дека луѓето не донираат доволно пари за своите цркви и дека затоа Исус сe уште не се појавил на Земјата.

„Искрено верувам во тоа – причината зошто Исус се уште не дојде е затоа што луѓето не даваат онака како што им рече Бог да дадат. Откако ќе го разберете тоа, тогаш ќе можете да го забрзате времето. Ако сите луѓе би го повикале овој број на екранот, ако луѓето ширум светот ја пренесат веста за Викторитон, Бог ќе му рече на Исус – ајде. Затоа што и тој сака да нe види нас колку што ние сакаме да го видиме. Луѓето не го прават она што Бог им кажа да го направат, во финансиска смисла, бидејќи живееме во економски свет. Бог го рече тоа. Значи, немам проблем со давање, немам проблем со примање, нема разлика “, заклучи и го допре својот приватен авион.

„Го имам, да, можете да го земете откако ќе се појави Исус“, рече тој.