“Грандиозниот проект ‘Вокални бисери – по стапките на Ана Липша’ во рамките на кој ќе настапат Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран, во пијано придружба на Миливое Велиќ, на Антички на 4 август, датум кога се слави и роденденот на Фестивалот, ќе биде во знакот на првенката на македонската Опера, Ана Липша Тофовиќ, која во далечната 1961 ја создаде магијата наречена Охридско лето“, истакна директорката Наташа Поповиќ на денешната прес конференција. На отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје „Св Софија“, како и  Црквата „Св Софија“ од 4 до 30 август ќе настапат околу 300 уметници од 19 земји

 

Со концертот на арии насловен „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“, а во изведба на светски познати солисти, на 4 август во Античкиот театар ќе стартува јубилејното 60. издание на Охридско лето. Присутната публика која поради заштитните мерки ќе биде во намален број, ќе има можност на отварањето да ужива во изведбата на Марија Јелиќ – сопран од Србија, Дарио Ди Виетри – тенор од Италија, Иван Томашев – бас од Србија и Аманда Стојовиќ – мецосопран од Црна Гора, а во пијано придружба на Миливое Велиќ.

„Овој грандиозен проект на Антички на 4-ти август, датум кога се слави и роденденот на Фестивалот, ќе биде во знакот на првенката на македонската Опера, Ана Липша-Тофовиќ која во далечната 1961 ја создаде магијата наречена Охридско лето“, истакна директорката Наташа Поповиќ на вчерашната прес-конференција. Таа додаде дека фестивалот знае да ги препознае и вреднува заслугите на сите кои оставиле свој белег на фестивалската сцена и се заслужни за успесите на Фестивалот. На отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје „Св Софија“, како и  Црквата „Св Софија“ од 4 до 30 август ќе настапат околу 300 уметници од 19 земји.

„Посебно сме горди што годинава приоритет им дадовме на нашите македонски уметници, оркестри, театарски куќи. Тоа  секако е доказ дека токму тие се столбот на нашата уметничка вредност, смета Поповиќ.

Годинешнава јубилејна програма содржи 26 концерти од кои два во офф-програмата.

„Програмата има прекрасна динамика, од самиот почеток до крајот претставува  една голема музичка приказна која ќе го одбележи големиот јубилеј и ќе ја прослави уметноста преку различни музички композиции. Ќе чуеме дела од најраниот  барок, преку класиката, романтизмот, импресионизмот, до современите светски автори како и дела од македонското класично творештво, најави музичкиот селектор на Охридско лето, Даница Стојанова.

Драмската програма, пак, започнува еден ден по свеченото отворање, а ќе понуди театарски креации од домашните театарски куќи. Според драмскиот селектор Александар Поповски Охридско лето во доба на корона звучи како наслов на некој роман. „Овогодишното издание на Охридско лето е посебно поради две работи. Едната е тоа што славиме 60-години јубилеј, еден многу убав настан а другата е тоа што Фестивалот се случува во едни посебни услови бидејќи времето во кое живееме е посебно. Одлуката сепак да се одржи оваа скратена верзија на фестивалот мислам дека е многу важна. Мораме да покажеме колку е важна уметноста, колку е важна културата. Едноставно е човек да се откаже, многу потешко е да се направи она што ние сега ќе го направиме“, истакна Поповски во своето видео обраќање до јавноста. Тој истакна дека оваа програма е направена од театри од нашата држава, а следејќи ги протоколите годинешните претстави ќе бидат со што помалку актери без нивен контакт на сцена.

“Мора да се почитуваат препораките иако контактот е нешто што е многу важен за нас актерите. Ако можам да кажам порака за Фестивалот тоа е – ништо нема да не раздели, порача Поповски.

Фестивалот Охридско лето е ја има поддршката од Владата на Република Северна Македонија преку Ресорното министерство за култура, Претседателот на државата е покровител на оваа манифестација која е помогната и од Општина Охрид и стопанството преку одделни фирми и претпријатија.

Врвни музичари и атрактивни концерти

Во рамките на музичката програма на фестивалската сцена на Охридско лето ќе настапат врвни имиња како пијанистите Наталија Трул од Русија, Кемал Гекиќ- САД, Фукио саксофон квартет од Шпанија, косовскиот гитарист Петрит Чеку, Масимо Мерчели флејта-Италија, мецо сопранот Викена Каменица од  Албанија, Келнскиот гудачки секстет од Германија, Ариан Баке обоа Франција, Дуо Солипс, несекојдневен настан е концертот за четири клавири и оркестар кој ни доаѓа од Чешка… Од македонската сцена – Марија Ѓошевска, хорскиот ансамбл Про Арс со маестро Сашо Татарчевски, Гордана Јосифова Неделковска, ќе настапи Скопје танцов театар со Рисима Рисимикин, а ќе се одржи и гала оперска  вечер под диригентската палка на Бисера Чадловска, вечер на Музичка Младина со камерниот оркестар „Саша Николовски Ѓумар„, вечер со музиката на македонскиот композитор Томе Манчев и уште многу ексклузивни уметнички имиња. Во рамките на јубилејното одбележување годинава ќе биде промовирана и монографијата „Фестивалска приказна“ од авторите Снежана Анастасова-Чадиковска и Роза Нолчева -Ангеловска.

Театарски креации од  домашните театарски куќи

Драмската програма започнува еден ден по свеченото отворање, а ќе понуди театарски креации од  домашните театарски куќи. На програмата се претставите „Сестрите прозороци“ по мотиви на „Три сестри“ од Чехов коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес, Драмски театар ја носи претставата „Чудесна терапија“ по текст на Даниел Глатауер во режија на Димче Николовски, „Човек, ѕвер и доблест“ од Луиџи Пирандело, во режија на  Егон Савин Театар  Комедија, премиерата „Полковникот Птица“ од Христо Бојчев, во режија на Андреј Цветановски во изведба на НУ Гостиварски театар, преставата за деца на Театар за деца и младинци „Јованче и Марика“ од  браќата Грим,  во режија на Давор Драгојевиќ. Фестивалот свечено ќе биде затворен со преставата „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза во режија на Билге Емин на НУ Турски Театар, Скопје кој годинава слави 70-годишен јубилеј. (Д.Т.)