Светски познатиот готвач Стево Карапанџа открива:Најдобрите готвачи се мажи, тоа не е женска работа!

299

Стево Карапанџа, славниот ексјугословенски готвач, неодамна го видовме како главен специјален гост, но и како судија на Меѓународниот гастрономски настан “Гастро-Мак 2019“ кој се одржа во нашиот Охрид и со кој се сретнавме. Стево во Охрид беше со својата сопруга Рената која со него доаѓа кога има важен настан како што и за неа беше овој охридскиот.
На нашата констатација дека во она време кога тој бил на врвот на славата, мажите не биле толку присутни во кујната како што е тоа денес, Стево вели: -Да, вистина е тоа, добро забележувате, како вистински новинар. Ни до денес еве, не ми е разјаснето зошто посилниот пол се срамеше од престилка? Готвењето не е женска работа. Напротив! И добро е што се сменија сфаќањата. Најдобрите готвачи насекаде низ светот се сега токму мажите, од кујните во секој добар хотел, па до војничките кујни. Впрочем, кулинарската работа е и добро платена…..Карапанџа ја пофали и својата сопруга која, исто така, му возврати со грст комплименти велејќи дека и паднала секирата во мед, но Стево додава дека дома за нив двајцата ретко кога готват. Не им е изводливо, па најчесто јадат во одбрани ресторани.
– Кога имам време по дома, најчесто на скара правам риба, тоа ми е некако најлесно и брзо, а вкусно е и здраво. Иако е така, јас сум за оние традиционални народни јадења. Ништо не може да ми го замени гравот, а особено кога овде на лице место во Охрид го јадам тоа светски познато македонско тавче-гравче, раскажа популарниот готвач Карапанџа. Иако е пред сè готвач, тој има и свое мислење за виното: – Виното ги редуцира стресот, нервозата и напнатоста. Во малку поголеми количини ја стопира нашата несигурност и срамежливоста. Составот на црвеното вино ни ја зголемува сексуалната желба, тогаш крвта ни врие во одредени делови од телото.                 фото-текст: Дуле М.