Пандемијата ќе стивне кон крајот на мај или почетокот на јуни, но тоа не значи дека целосно ќе си замине, затоа треба да се слушаат препораките на докторите и да се верува дека Јупитер оваа година ќе знае да направи и чудо, кога е во прашање здравјето и среќата на луѓето

Светски познатиот астролог, Американката Сузан Милер, чии толкувања светската јавност исклучително ги почитува (тие кои веруваат во астрологијата) на својот сајт Astrologyzone напиша како таа гледа на коронавирусот.

Еве што напиша таа:

“Ми пишувате зошто сте анксиозни, што е разбирливо, поради долгата епидемија на коронавирусот. Секако, Италија, особено Милано и Венеција, Кина, Јужна Кореја, Иран, Франција, Германија и Шпанија. Луѓето ширум светот се обединија во борбата против непријателот. Сега почна да ја напаѓа и мојата земја, САД, па и нашите власти ни даваат инструкции што треба да правиме. Живеам во Њујорк, во кој е морничаво тивко, сè е затворено, училиштата, музеите, рестораните, театрите, сè. Ни рекоа да седиме дома и сите даваме свој придонес. Многу размислував за коронавирусот и имам предвидување за сите вас”, пишува Милер во воведот и продолжува да објаснува.

Плутон виновен за кризата

“Прво, оваа криза ја донесе Плутон, моќната планета која се занимава со големи финансиски теми, со голема маса на луѓе и со – вируси. Оваа година Плутон во Јарец ќе патува во конјункција со Јупитер во Јарец на 6 степени, во редок аспект кој се појавува еднаш во 13 години, во ист знак. Јупитер е инаку темпераментна и дарежлива планета, ама во ваков случај Јупитер го зголемува проблемот. Јупитер е познат по тоа дека шири сè што ќе допре, без разлика дали носи добра среќа или не, во зависност од условите. Со други зборови Јупитер го шири тоа што Плутон го открива и сака да го множи, а малку планети можат да умножат со таква брзина како што тоа го прави Јупитер.

Плутон и Јупитер се планети кои бавно се движат и сега патуваат блиску цела година. Јупитер го шири вирусот кој Плутон го откри и двете планети го шират. Како што реков, Плутон и Јупитер се во Јарец, а Јарецот владее со постарите луѓе. Научниците велат дека постарите луѓе се поподложни на коронавирусот.

Плутон и Јупитер се среќаваат на секои 13 години. Се разбира дека немаме смртоносен вирус секои 13 години. Плутон бара проблем за да го сврти вниманието на него. Ако Плутон (или Марс) не најдат ништо важно да ни покажат тогаш поминуваме безболно низ тој период.

Обично, кога Јупитер и Плутон ќе се здружат тогаш носат голем финансиски просперитет, зашто овој аспект е обично поврзан со успех. Бил Гејтс, Мик Џегер, Марта Грахам, Маханда Ганди ја имаат оваа конјункција во наталните карти.

Транзициската конјункција на овие две планети се смета за неверојатно среќна. Чувствувам дека по кризата ќе има неверојатен напредок. Чувствувам дека мерките што ќе ги преземат владите ширум светот со време ќе делуваат добро и дека просперитетот многу брзо ќе се врати откако ќе го надминеме коронавирусот.

Јупитер и Плутон оваа година ќе се сретнат три пати, пред потоа секој да си оди во својот пат. Не морате да бидете премногу фокусирани на тие датуми, зашто Јупитер и Плутон цела година ќе патуваат на 6 степени што астролозите го викаат внатре во орбитата.

Јупитер и Плутон првпат ќе се сретнат на 4 април кога ќе бидат силни и влијателни. Потоа ќе се сретнат на 30 јуни во време кога ќе бидат ретроградни, односно слаби и последен пат ќе се сретнат на 12 ноември кога ќе бидат неверојатно силни.

Тоа ми зборува дека вирусот ќе дивее во пролет, особено во март и април, во првата половина на мај, а ќе ослабне на почетокот на летото, во јуни. Вирусот ќе се смири и луѓето ќе претпостават дека ковид-19 поминал. Јас во тоа не верувам. Како змија која се крие во грмушка, вирусот ќе преспие, за да нападне повторно во септември, сè до ноември или сè до средината на декември.

Тоа што ја прави годинашнава орбита на Јупитер и Плутон е различна бидејќи Сатурн, планетата на кармата, ќе биде со нив цела година во необична тространа орбита. Научниците велат дека злоупотребата на ресурсите и неправилното управување со нашата планета доведоа до нерамнотежа која пак ги поттикнува смртоносните вируси да излезат на површина. Исто така веруваат дека било време за нова пандемија, имајќи предвид дека поминале повеќе од 100 години кога светот доживеал една голема пандемија, која е најблиска до коронавирусот – шпанскиот грип во 1918 година.

Да веруваме во чудо

Малку ги истражував податоците за шпанскиот грип кој бил страшен и со него се заразила дури четвртина од светската популација. Речиси паднав од стол кога видов дека во 1918 година Плутон и Јупитер исто така биле заедно во орбитата, како и сега. Во тоа време, медицината и научниците не знаеле толку многу како сега и не знаеле за ограничена социјална интеракција. Блиски интеракции на голем број на луѓе (Плутон владее со масите) направил вирусот брзо да се прошири. Сега знаеме подобро, па затоа мораме да ги слушаме советите на докторите и да седиме дома.

Знам дека сега сигурно сте вознемирени што кажав дека е можно со вирусот да се бориме до декември оваа година. Мораме да се прилагодиме на новонастанатата состојба и таа да ни стане нормална. Признавам дека е можно да погрешам со точноста за датумите, можно е да трае и пократко, искрено се надевам дека грешам и дека пандемијата брзо ќе заврши. Сепак, математичките циклуси на Јупитер и Плутон сугерираат дека треба да бидеме стрпливи, зашто вирусот е многу заразен и ќе му треба време за да си отиде.

Со Италија владеат Близнаците, зашто во јуни го слават обедувањето. Близнаците владеат со белите дробови и затоа Италија е толку тешко погодена – вирусот ги напаѓа белите дробови. Со Америка владее Ракот и постојат некои контроверзи меѓу астролозите во врска со подзнакот. Некои велат дека е Стрелец, но јас сум убедена дека е Близнаци. Во тој случај Америка треба да го направи истото што го направи Италија ако сака да се избори со вирусот.

Сè што можеме да направиме е да живее ден по ден и да слушаме вести. Сите треба да ги следиме упатствата на докторите. Не само што треба да останеме здрави заради нас туку и заради тие што ги сакаме, нашите најблиски (особено постарите) пријатели, соседи. За земјата и за сите луѓе на светот. Вирусот не учи дека сме поврзани и дека треба да ги третираме другите со иста нежност, грижа и почитување, така како што сакаме другите да се однесуваат со нас.

Засега почесто телефонирај на семејството и фамилијата. Твојот глас ќе им значи на тие кои се во самоизолација. На сите ни е потребна љубезност и сочувство.

И на крај уште една мисла: Јупитер е многу вмешан во овој аспект и навистина шири сè што ќе пипне, ама Јупитер се смета и за планета на чудата. Алберт Ајнштајн еднаш напишал: Постојат два начина да го живееме животот. Едниот е да мислиме дека ништо не е чудо, а другиот – да мислиме дека сè е чудо”. Тој рекол дека го избрал вториот начин. И јас го избирам вториот начин и мислам дека сè е чудо. Јупитер во моменталната позиција низ 2020 година ќе биде во состојба да создаде чудо на кое сите се надеваме. Не губете надеж!, повикува на крајот познатиот астролог Милер.