Светот ќе натрупа големи количини нафта до 2030 година, дневната понуда ќе се искачи на 114 милиони барели

157

Глобалната побарувачка на нафта ќе достигне врв до 2029 година и ќе почне да опаѓа следната година, објави Меѓународната агенција за енергија.

Според агенцијата, производството на нафта значително ќе ја надмине побарувачката до крајот на деценијата.

Енергетскиот надзор со седиште во Париз предвидува дека капацитетот за снабдување ќе достигне речиси 114 милиони барели дневно до 2030 година.

– Проекциите на овој извештај, врз основа на најновите податоци, покажуваат голема прекумерна понуда во оваа деценија, што сугерира дека нафтените компании, можеби, ќе сакаат да се уверат дека нивните деловни стратегии и планови се подготвени за промените што се случуваат  – изјави извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол, пренесоа странските медиуми.

Меѓу причините за падот на глобалната побарувачка, ИЕА ја посочува транзицијата кон електрични автомобили, со подобрување на ефикасноста на горивото за автомобилите со мотори со внатрешно согорување и намалување на употребата на нафта во земјите од Блискиот Исток за производство на електрична енергија.

Според МАЕ, азиските земји, авијацијата и петрохемиската индустрија ќе продолжат да ја поттикнуваат побарувачката за нафта.

Истовремено, се предупредува дека до 2030 година, во некои земји како САД, производствените капацитети ќе бидат значително зголемени.

Извештајот доаѓа по неколку дена откако проширената група на производители на нафта ОПЕК + соопшти дека ќе го продолжи ограничувањето за производство на нафта од 2 милиона барели дневно до крајот на следната година, со исклучок на мало зголемување за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Осумте членки на групата, Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман, во меѓувреме се согласија да го продолжат ограничувањето за снабдување за неколку месеци пред да го укинат постепено.