Светите Кирил и Методиј-траен белег во македонската култура и историја

62

На 24 мај македонскиот народ го чествува големиот државен празник 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Ликот и делото на Кирил и Методиј остави траен и неизбришлив белег како во македонската култура и историја, така и во европската цивилизација.

Тие имаат огромен придонес во описменувањето и културното издигање низ цела Европа. Нашата држава, пак, е особено горда на фактот што зачетоците на сесловенското просветителство започнале токму од овие наши простори.

Св. Кирил и св. Методиј се основачите на првата словенска азбука – глаголицата.

По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. За животот и дејноста на словенските просветители најмногу податоци добиваме од делата: „Панонски легенди“, „Климентовото житие од Теофилакт“, „Климентовото житие од Хоматијан“ и „О`писменех“ од Црноризец Храбар.

Во пресрет на државниот празник 24 Мај – “Св. Кирил и Методиј“ премиерот Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, во име на Владата на Република Северна Македонија, положија цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј, во кампусот на универзитетот во Скопје. Премиерот Спасовски и министрите Адеми и Апостолска имаа и кратка средба со ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски кому му ги пренесоа честитките по повод државниот празник. Тие упатија и порака за поддршка на автономноста на универзитетот како научна, високообразовна институција посветена и на негувањето и на интернационалната афирмација на традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ и на негувањето и промоцијата на културните вредности на другите етнички заедници во земјата.