Свекорот на Северина има и вонбрачна 20-годишна ќерка

119

Свекорот на популарната Северина, пејачот Драган Којиќ Кеба, има и вонбрачна ќерка, 20-годишната Ина, но која ни за жива глава не ја признава. Ја доби од врската со познатата писателка Љиљана Јевремовиќ. Таа со години се обидува Драган да го признае детето, но до ден-денес тој не сака да го стори тоа, а и воопшто не сака да ја запознае Ина. Сепак, Љиљана го даде Кеба на суд, а судот утврди дека Кеба е таткото, за што тој бил должен да плати заостанати алиментации од околу 100.000 евра. Но, пејачот се жалел против оваа судска одлука. Тој во вториот брак го има синот Игор, оженет за Северина, како и ќерката Наташа, која живее во Америка по неуспешната естрадна кариера.
Инаку, Ина е многу лута на својот татко Кеба кој одбива секаков контакт и вели дека кога тој ќе почине ќе дојде на неговиот погреб за да не мислат луѓето дека е лоша личност.