Сања Лефкова се врати од Лондон и веднаш се фрли на работа!

51

Сања Лефкова, која веќе извесен период заедно со семејството живее во Лондон, деновиве е во Македонија, а престојот дома ќе го искористи и за да сними нов сингл кој ќе го пушти во етер следната недела, заедно со спот. Станува збор за баладата “Почеток и крај”, а кадрите за видеото веќе се снимени и тоа под режисерската палка на Томато продукција.

Инаку, Сања во англиската престолнина најпрвин замина сама пред неполни две години, а потоа и се придружија и синот и сопругот.

Пејачката таму студира поп- музика, беше дел и од натпреварувањето “Британија има талент”, а нејзиниот сопруг Мики, пак, работи како готвач во еден од рестораните на Џејми Оливер.