Популарниот српски поп-пејач Саша Ковачевиќ има нови хитови “Пантера“ и “Малена“ со кои ги израдува своите фанови во овие тешки времиња на пандемијата.
Според коментарите и реакцијата на фановите, како и по бројот на прегледи, Саша „се вооружа“ со два големи хита кои сигурно ќе се слушаат цело лето, но за жал тешко дека ќе може да ги промовира во живо.

Сепак, песните „Пантера“ и „Моја малена“ се најдоа на првите две позиции на трендинг на Јутјуб и тоа во Србија, Босна и Херцеговина и кај нас во Македонија.

Сексипилниот пејач кој на жените им предизвикува воздишки се фали со успехот и тоа со причина. Останува да се надеваме дека барем во август доколку корона попушти, Саша повторно ќе го видиме на некој концерт во Македонија во која редовно настапува. Инаку, пејачот е познат и како голем љубител на животните.  Д.М.