Санчез потпиша за ПСЖ

26

Португалскиот играч за врска Ренато Санчез (24) ги напушти редовите на Лил и кариерата ќе ја продолжи во францускиот првак ПСЖ, објави клубот од Париз.

Санчез потпиша договор до 2027 година, а вредноста на трансферот се проценува на десет милиони евра.

  • Сигурен сум дека го направив вистинскиот избор, изјави Санчез за клупскиот сајт на ПСЖ.
  • Го избрав ПСЖ бидејќи мислам дека е најдобриот проект за мене. Останувањето во Франција ми беше важно, бидејќи веќе ја познавам оваа лига, додаде португалскиот фудбалер, кој изминатите три сезони настапуваше за Лил.