Санчез до Путин: Нема да победиш во војната против Украина

26

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска, од самитот на НАТО во Мадрид, му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека нема да победи во војната против Украина.

-Испраќаме силна порака до Путин: нема да победиш, рече Санчез во говорот на самитот на Алијансата, чиј домаќин е токму тој, пренесуваат британските медиуми.

Шпанскиот премиер претходно изјави дека Русија ќе биде идентификувана како главна закана во новиот стратешки концепт на Алијансата, за разлика од претходниот период кога се сметаше за стратешки партнер.