Санкционирани 224 непрописно паркирани возила во Центар

28

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција во текот на една недела санкционирале 224 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ информираат дека во периодот од 27.11. до 03.12.2023 година, со помош на нивните специјалните возила „пајак“ биле отстранети 124 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 100 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Оттаму, потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.