Санкционирани 217 непрописно паркирани возила во Центар

19

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција санкционирале 217 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информираат од ЈП ПОЦ, во периодот од 22.11. до 28.11.2021 година, со помош на нивните специјалните возила биле отстранети 115 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 102 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура. Затоа, ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили на територијата на општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.