Санкционирани 213 возачи поради непропуштање пешаци на пешачки премин

13

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола, при која се санкционирани 213 возачи поради не пропуштање пешаци на пешачки премин.

Како што информираат од МВР од санкциите 140 се однесуваат на територија на град Скопје, 23 на територија на СВР Тетово, 17 на територија на СВР Битола, 14 на територија на СВР Велес.

Информираат дека при акциската контрола санкционирани се и 239 останати сообраќајни прекршоци.

– Министерството за вантрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, упатуваме апел и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Наша заедничка обврска е, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, порачуваат од Министерството.