Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што биле изречени вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 95 санкции, четири за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи биле изречени и седум санкции за управување под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за неносење сигурносен појас и една санкција за возач почетник…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – наведуваат од МВР.