Санкционирани 166 возачи во Скопје, 31 за брзо возење

18

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што, само на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31, 20 санкции за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол.

– Изречени се 11 санкции за користење мобилен телефон, осум за непрописно престројување, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 51 мерка за непрописно паркирање – информираат од МВР.

Од МВР велат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и понатаму и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.