Санкционирани 162 возачи во Скопје, 20 за брзо возење

22

Во рамки на сообраќајните контроли на Министерството за внатрешни работи на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден, биле изречени вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции.

Од МВР информираат дека биле изречени и осум мерки возење без возачка дозвола, пет санкции за нерегистрирани возила, 10 за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци…  

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – соопштија од МВР.