Санкционирани 158 непрописно паркирани возила во Центар

16

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција изминатата седмица санкционираа 158 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 15.02. до 21.02.2021 година, со помош на возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 91 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ санкционирани се 67 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.

При тоа, потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот, со цел одржување на ред и безбедност на улиците.