„Сандеј тајмс“: Тереза Меј се согласи со ЕУ да ја задржи сметката за Брегзит

75

Британската премиерка Тереза Меј се согласи со ЕУ да ја задржи сметката за Брегзит, над 40 милијарди фунти, соопшти денеска британскиот весник „Сандеј тајмс“.

Според весникот, Меј ги уверила европските лидери дека британската Влада е подготвена да исплати поголема сума за излегувањето од ЕУ, за да може условите на новиот трговски договор помеѓу Велика Британија и Брисел да се договорат на декемврискиот самит.

На состанокот на Европскиот совет конкретните британски обврски нема да бидат поставени во писмена форма. Официјален Лондон ќе треба само да ги посочи областите каде ги почитува веќе претпоставените финансиски обврски.