Самсоненко купи 5.000 акции од тетовски „Жито Полог“

246

Сопственикот на спортскиот бренд „Вардар“, Сергеј Самсоненко го зголеми својот пакет акции во тетовски „Жито Полог“.

Како што објави Македонската берза, Самсоненко се стекнал со 5.000 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово и сега поседува вкупно 8.650 обични акции со право на глас во таа компанија.

Вкупно 15,45 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото сега се во рацете на Самсоненко.

Акциите ги продаде ЗК Пелагонија АД – Битола, која  и понатаму останува акционер во во Жито Полог со поседување вкупно 5.047 обични акции со право на глас, што е 9,01 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото.