Само таа може да им го крене притисокот на Роналдо и Меси!

8

Атрактивната Полјачка, Каролина Бојар, до “вчера” беше само обична девојка, далеку од очите на јавноста, која се разликуваше од останатите поради тоа што го обожава фудбалот. Но, сега таа е атрактивна и веќе позната во светот како атрактивна судијка која ја дели правдата на натпревари во локалните лиги во Полска.

Името на оваа девојка изминатиот период стана доста популарно во јавноста, како во Европа, така и ширум светот. Таа водела сосема нормален живот, но социјалните мрежи си го направија своето: некој ја фотографирал убавата Каролина “во акција” на фудбалски терен некаде близу Краков, ја потпишал “фотографијата” со “Убавицата на Краков” и ја споделил на “Фејсбук”, “Твитер”… Веднаш потоа таа стана хит на социјалните мрежи.

За неа сега пишуваат британските и сите останати медиуми како “најубава сидијка во Европа”.

Можеби не можеме да кажеме дека е најдобра, но секако ќе речеме дека е една од најдобрите во светот на фудбалот, која имавме можност да ја видиме.

Каролина плени со својата убавина, шармот и сексапилот, поради што можете и сами да се уверите во тоа.

Полските медиуми откриваат дека љубовта кон фудбалот го наследила од својот татко, Карол, кој исто така бил професионален судија. Исто така во план и е професионално да се посвети на работата која ја работи во моментов.