Само во Јужна Кореја: Ритуал на лажен погреб за враќање на волјата за живот

59

Последните неколку години илјадници Јужнокорејци одлучуваат масновно и доброволно да учествуваат во нешто што во таа азиска земја е наречено „лажни погреби“.

Станува збор за необично движење кое во Јужна Кореа настана во 2012 година, а во рамки на кое „лажни поклоници“ минуваат низ ритуал во кој метафорички, умираат и повторно се раѓаат. Во период од седум години 25 илјади луѓе учествувале во својот лажен погреб.

Целта на целиот ритуал на лажно погребување низ кој дневно поминуваат десетина Јужнокорејци, најкратко кажано е да им ја врати на луѓето волјата за живот.
Иако Јужна Кореја има многу добар економски стандард, жителите на земјата се познати како најнесреќни луѓе во Азија.

Луѓето кои се пријавуваат на лажните погреби минуваат низ целиот ритуал. Прво облекуваат погребална облека која изгледа како бело кимоно, потоа слушаат предавање за тоа што е лажен погреб и како ќе им помогне во животот, а потоа мораат да напишат проштално писмо-тестамент.

Додека го прават тоа, околу 90 отсто од „учесниците“ во лажното погребување се расплакуваат бидејќи се потсетуваат на сите животни лоши и добри постапки, бидејќи целта на целиот тој ден и ритуал е да се однесуваат како тоа да им е послениот ден во животот.

Потоа легнуваат во ковчег како што е инаку обичајот, им се врзуваат рацете и потоа преку нив се става капакот кој „го заковуваат со клинци“ односно лажно удираат по ковчегот произведувајќи звук на ковање клинци. Некои агенции дури и нудат доаѓање во вистинска шума во близина на гробишта, каде што „поклониците“ читаат кратки исечоци од своите писма за збогување и влегуваат во сандакот.

Внатре во сандакот кој има мала дупка низ која влегува воздух, лажните поклоници минуваат меѓу десет и 30 минути, а потоа капакот се отвора и луѓето излегува надвор.