Самит ЕУ-Украина во Киев:Зеленски повика на испорака на оружје за одбрана на Бахмут

85

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на денешната посета на лидерот на ЕУ на Киев, рече дека Украинците ќе се борат „колку што можат“ за градот Бахмут, кој во моментов е нападнат од руските сили.

„Никој нема да го даде Бахмут, тој е нашата тврдина. Доколку се забрза испораката на оружје, особено оружјето со долг дострел, не само што нема да го напуштиме Бахмут, туку ќе почнеме да ги протеруваме окупаторите од Донбас“, рече Зеленски.

Според Зеленски, новите санкции против Русија треба да ја спречат Москва да ја обнови својата воена моќ, пренесува Ројтерс.

Лидерите на ЕУ и 27-те земји-членки на Унијата се собраа во Киев за да покажат поддршка за Украина пред првата годишнина од руската инвазија на 24 февруари.