Салман Ружди симнат од респиратор, свесен и зборува

36

Авторот Салман Ружди е симнат од респиратор и зборува додека се опоравува од прободувањето со нож во САД.

Британско-американскиот писател Аатиш Тазир објави во подоцна избришан твит дека 75-годишниот е „симнат од респиратор и зборува (и се шегува)“, што потоа го потврди и агентот на авторот Ендрју Вајли.

Вајли претходно изјави дека Салман е на респиратор и дека може да го изгуби окото по нападот со нож, во кој му беа нанесени и повреди на раката и црниот дроб.

Британецот со индиско потекло, чиј роман „Сатански стихови“ доведе до смртни закани од Иран во 1980-тите, требаше да одржи предавање во петокот во државата Њујорк кога беше нападнат.

Мажот обвинет дека го избодел, вчера се изјасни за невин за обид за убиство и напад.

Адвокатот на Хадија Матар (24) изјавата во негово име ја даде за време на сослушувањето во судот во западен Њујорк.