Скапиот лек „Трикафта“, првично ќе биде набавен за осум пациенти кои се во потешка здравствена состојба, а до крајот на годинава за уште 22 пациенти вкупно 30 пациенти. Набавката ќе започне откако ќе се изменат законите кои се спорни, за да лекот биде купен директно од производителот. Ова го кажа Министерот за здравство, Беким Сали, но не можеше да прецизира кога лекот ќе биде во Македонија, бидејжи тоа не зависело само од една институција, треба да се вклучат повеќе за да може пациентите да добијат терапија што побрзо.

-Ќе оствариме комунакција со производителот на лекот, бидејќи се работи за скапа терапија и  можно е да се добие пониска цена. Првично ќе се обезбеди а терапија за осум пациенти кои се во потешка здравствена состојба, а стремежите се набавката на лекот да биде за 30 пациенти во текот на годината. Имаме сознание дека уште 22 пациенти се во средно тешка состојба иа за нив ќе има од потребниот лек –кажа министерот Сали и дополни дека кога лекот ќе го има кај наси дирекно зависи од измените на Законот за јавни набавки и останатите закони поврзани со набавка на лекови.

Сали појасни дека току од овие причини не може да потпише писмена гаранција дека ќе го набават лекот, како што беше побарано од болните од цистична фиброза, а за да не организираат нов протест за утре.

Што се однесува на тоа зошто лек само за 30 пациенти,  тој појасни дека се работи за скап лек и дека како ќе оди соработката со производителот на лекот ќе се вклучуваат и нови пациенти.

-Првиот пакет е за 30 пациенти, но иницираме преговори со производителот за цената, се надевам дека ќе го зголемиме бројот идната година- дополни Сали и посочи дека се уште не се знае по која цена ќе се набави лекот, засега нема финална цена.

Тој нагласи дека има потреба од измени на закони кои сметаме дека следната недела ќе се најадт во собрание.

Во однос на недостатокот на онколошка терапија Сали вели дека и таа на истиот принцип ќе се набавува.А извештајот за работењето на Онкологија уште не е готов, но ќе се направи се што треба да се обезбеди терапија и за овие пациенти.

Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, гаранција дека лекот ќе се набави е нивниот збор даден јавно.

-Тоа што сме пред вас и соопштуваме, тоа е најголемата гаранција дека ова прашање ќе го решиме. Ние сме одговорни јавни личности кои носиме јавни функции. Нашиот збор треба да се цени, бидејќи таков заклучок имаме заеднички, на Влада. Прашања на време е околу формалниот дел. Другото е на лекарите да го решаваат“, кажа Бесими.

На состанотот во министерството за финансии имаше и претставник од Фондот за здравствено осигурување.

Во Македонија има околу 130 пациенти со цистична фиброза кои што подолго време ги бараат своите права да се лекуваат со нова иновативна терапија.

(В.Ма.)