Салах е резервна опција

44

Доколку не успеат во намерата да ги осигураат услугите на норвешкиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Ерлинг Халанд, раководните лица на францускиот гигант ПСЖ, своето внимание ќе го насочат кон египетскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Мохамед Салах. Брзоногиот напаѓач има договор со „црвените“ до 2023 година.