Салах во Јувентус за 200 мил. евра!

17

Угледниот британски таблоид „Градијан“ го привлече вниманието на фудбалската јавност со информацијата дека актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, е подготвен да одвои рекордни 200 мил. евра за обештетувањето на египетскиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Мохамед Салах.

Освен таа информација, “Гардијан” пишува дека трансферот на Салах ќе зависи и од заминувањето на аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала, кој на 20 одиграни натпревари во актуелната сезона, постигна само два погодока.

Дибала е фантастичен играч, фудбалски виртуоз, но и ѕвезда која има чуден карактер и често пати е во конфликт со тренерот и тимските колеги.

Во финишот од првенствениот дуел против Парма (3:3), Дибала пред крајот на натпреварот ја напушти клупата за резервни фудбалери и се упати кон соблекувалната.

  • Не видов дека порано си заминал во соблекувалната. Можам само да препоставам дека му било ладно, изјави по натпреварот тренерот на „старата дама“, Масимилиано Алегри.

Сепак, неколку дена подоцна, трофејниот стручњак потврди дека имал конфликт со Аргентинецот кој потоа се извинил и на тој начин е ставен крај на сите шпекулации.