Сакате да го забрзате метаболизмот:Зачинете го омилениот утрински пијалак со цимет!

39

 Циметот ја стимулира термогенезата во телото, објаснува нутриционистот, а со тоа води до топење на масните наслаги.

 За да уживате што е можно повеќе во голтка прво утринско кафе и телото да ги почувствува поволните ефекти од овој пијак, како забрзувањето на метаболизмот, будењето и раздвижувањето на внатрешните органи, пред да се напиете шолја кафе, испијте чаша вода на собна температура.

Не заборавајте, бидејќи разликата е голема, а која сигурно ќе ја почувствувате, а потоа подгответе кафе.

Нутриционистката Лиза Ричардс нагласува дека е најдобро да се држиме до обичното, црно кафе без додадено млеко и шеќер, бидејќи на тој начин внесуваме непотребни калории.

Таа, исто така, советува да додадете малку цимет во кафето еднаш дневно.

Таа со личен пример утврди колку е моќно кафето во комбинација со цимет.

Имено, секое утро додавала по една лажичка од овој зачин во својот омилен пијалок.

За еден месец, таа забележала значителна разлика во тежината. Успеала да ослабне 4 килограми и да се ослободи од салото што со години го имала на стомакот.

– Циметот ја стимулира термогенезата во телото – објаснува Ричардс, а со тоа води до топење на масните наслаги. – Тоа е процес на затоплување на телото и може да доведе да согориме повеќе калории. Покрај тоа, циметот е природна опција за стимулирање на термогенезата и секако е подобар избор од разните додатоци кои можат да го сторат истото – објаснува таа.