Сакам да останам во Милано

66

И покрај проблематичниот старт на авантурата во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан, францускиот интернационалец Тимуе Бакајоко, откри дека сака да остане на “Сан Сиро” и во следните неколку сезони.

Одличниот играч за врска актуелната сезона ја одработува како позајмен играч од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, а седумкратниот европски клупски шампион има право да го откупи неговиот договор со понуда не помала од 35 мил. евра. Поранешниот фудбалер на Монако откри дека сонува да остане во Милано и дека е презадоволен од соработката со шефот на стручниот штаб, Џенаро Гатузо.