Сакаме туристи, а не знаеме колку хотели имаме!

30

 

Никој точно не знае колку хотели во Македонија се категоризирани, бидејќи повеќе од две години уште од 29 февруари 2016 година не е обновена листата на хотели кој колку ѕвезди поседува. Доколку кликнете на интернет на официјалниот сајт на Министерството за економија тогаш ја добивате листата на преглед на категоризирани хотели каде стои дека има 279, иако оваа бројка е веќе променета.

Вечер уште пред десетина дена, во писмена форм официјално побара од ресорното министерство да добие информација колку точно хотели има во земјава и како се категоризирани, но од таму се уште нема одговор.

Пред две недели министерот за економија Крешник БектешИ, како дел од тринаесетчлена комисија од различни институции, посети еден скопски хотел лоциран во централното градско подрачје, со цел да ја утврди неговата категоризација. Во меѓувреме на сајтот не е објавено колку ѕвезди доби овој сместувачки капацитет. Како што тогаш беше кажано од страна на нејзиниот директор хотелот веќе работи, но неопходна им е категоризацијата за да знаат посетителите домашни или странски во каков хотел доаѓаат уште кога ќе букираат.

Бектеши тогаш изјави дека категоризацијата се прави за да има лојална конкуренција во земјава во секторот хотелиерството. Според него имајќи предвид дека континуирано се зголемува туризмот во Македонија, многу е важно сите странски и домашни туристи да имаат точен преглед кога букираат во земјава да знаат какви хотелските услуги им се нудат.

За овој проблем неодамна укажаа И од Здружението за туризам и угостителство, при Стопанаската комора на Македонија од каде посочија дека во Македонија има 450 хотели, а преку интернет се нудат 1.500 капацитети, од кои што само во Скопје се 600 пријавени објекти
Тие побараа инспекторите да излезат на терен и да ја спречат нелојалната конкуренција во туризмот, бидејќи светски тренд е продажбата на сместувачките капацитети преку интернет, но не е светски тренд да се нудат суб стандардни сместувачки соби и апартмани, односно сликите објавени на интернет не се исти во реалноста.
Од Здружението посочија дека овие интернет платформи не се доволно контролирани од испекторите. Тие во најголем дел работат на црно и не плаќаат никакви даноци на државата, затоа инспекциските органи да се ангажираат повеќе и да извршат контрола на огромниот број неевидентирани, нестандардизирани, некатегоризирани и неконтролирани сместувачки капацитети во државата.
Според Горан Дамчевски, заменик-претседател на Здружението за туризам под итно треба да се спречи нелојалната конкуренција и да се смени законската регулатива, односно Законот за туризам И Законот за угостителска дејност за што е задолжено ресорот за туризам при Министерството за економија.

– Ни пречи недоволната контрола од страна на инспекциските органи во смисла на проверка кој издава, колкав е денарскиот или девизниот прилив во Македонија. Има отсуство на евиденција на патници кој и каде престојува,а државата нема увид што се пласира преку букинг – потенцираше Дамчевски.

Состојбата на теренот покажува дека туризмот и хотелиерството се во подем во Македонија, оти се градат и реновираат поголеми и помали хотелчиња ширум земјава.

На сатро -новата листа на Министерството за економија има неколку луксузни сместувачки капацитети, односно четири хотели кој што се од највисока категорија наречена супериор. Во овие хотели со 5 ѕвезди се вброија скопскиот хотел “Александар палас”, потоа на граничниот премин кај Гевгелија хотел “Принцес”, во селото Леуново, крај Мавровското Езеро хотел “Радика# и во Скопје новиот хотел “Буши” лоциран во Старата скопска чаршија.

Според анализите што ги подготвило ресорното министерството во високата категорија со 5 ѕвезди се вбројуваат уште 13 хотели лоцирани во повеќе македонски градови и тоа во: Скопје, Гевгелија, Стар Дојран, Берово, Велес, Струга и Охрид.

Дел од луксузните хотелски објекти се најдоа и 46 објекти кои им нудат услуги на посетителите од класата со 4 ѕвезди и уште два од повисока супериор класа исто така класифицирана со 4 ѕвезди.

Ресорното министерството исто така го има категоризирано хотелските сметувања од среден карактер, односно популарно наречен сместувачки капацитети со три ѕвезди. Тие исто така се групирани како оние што се со малку подобар квалитет, односно супериор и стандардни три ѕвезди.
Бројките зборуваат дека во Македонија има пет хотели супериор со 3 ѕвезди и 67 објекти кои ги задоволуваат кавлитетот на хотелски услуги со три ѕвезди.
За туристите кои не се многу пребирливи и не претпочитаат луксузни услуги на располагање им се капацитети од пониска категорија. Се работи за сместувачки објекти со две ѕвезди кои во Македонија ги има 54 хотели, а со една 41 хотел.

Но ова не е се бидејќи во туристичките места низ земјава се нудат приватни сместувачки капацитети, хостели и семејни хотели. Во реоните каде што има предуслови за развој на туризмот, сеуште не се води регистар на угостителските објекти на физичките лица.

Според анализите на Државниот завод за статистика бројот на туристите е зголемен за над 20%. Крајната цел е до 2020 година учеството на туризмот во бруто домашниот производ да достигне до 5%, а во моментов тоа е 1,3% во македонскиот БДП.

(В.Ма.)