Сакаа да ме убијат поради голот на Ребиќ

81

Репрезентативниот голман на Аргентина помина низ вистински пекол после поразот од селекцијата на Хрватска на Светското првенство во Русија. Голманот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Вили Кабаљеро, направи неколку катастрофални грешки за време на дуелот кој заврши со убедлов триумф на противникот од 3:0, но далеку од тоа дека беше единствен виновник за поразот. Сепак, голем е бројот на тие кои се уште го обвинуваат за ситуацијата во 53 минута, кога буквално, но ненамерно, му ја додаде топката на Анте Ребиќ, кој потоа ја затресе аргентинската мрежа.

  • Сите мислеа дека сакам да ја фрлам топката над Ребиќ, но јас немав таква намера. Сакав само да го проиграм Тото Салвио, но ја потфатив тревата и направив грешка. Следниот ден беше вистински пекол за мене. Мислам дека сите дојдоа до мојот телефонски број и постојано ми праќаа најразлични пораки. Имаше многу смртни пораки. Постојано размислував за мојата фамилија и дали се доволно сигурни, откри Кабаљеро.

После тој пораз, Кабаљеро остана закован за резервната клупа, а аргентинскиот селектор, Хорхе Смпаоли, до крајот на турнирот му даде предност на Франко Армани.

  • Се надевав дека ќе добијам уште една шанса за да ја поправам грешката, но така одлучи селекторот и јас ја прифатив неговата одлука. Франко одлично бранеше и јас бев првиот кој му честита, додаде голманот на Челзи.

Аргентина со судни маки обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда каде доживеа минимален пораз (4:3) од идниот светски шампион, селекцијата на Франција.