САД ја рестартираат хуманитарната помош за Палестинците во висина од 235 милиони долари

10

 САД планираат обнова на американската хуманитарна помош за Палестинците, запрена за време на претседателот Доналд Трамп во 2018 година. 

Како што изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен, рестартираната помош треба најпрвин да биде одобрена од Конгресот. Таа вклучува 75 милиони долари економска и хуманитарна помош за Западниот Брег и Појасот Газа, 10 милиони за мировните програми на американската УСАИД и 150 милиони хуманитарна помош за Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци и организација на работи (УНРВА), која работи и во други земји на Блискиот Исток .  

-Ја враќаме и помошта за програмите за витална безбедност. Целата помош е согласно законите на САД. Економската помош вклучува поддршка за обнова на малите и средните бизниси од последиците на Ковид-19, поддршка за настраданите домаќинства за достап до основни потреби како храна и чиста вода, како и помош за палестинското граѓанско општество, изјави Блинкен. 

Дел од помошта е и за болниците во Источен Ерусалим, каде се лечи голем дел од палестинското население, како и 15 милиони долари помош за одговор на пандемијата и за произведувачите на храна, што беше најавена во март. 

УНРВ, меѓудругото, работи на образовни потреби на половина милион палестински деца и „САД се целосно посветени на одговорно, транспаретно и независно партнерство со агенцијата“, се вели во денешното соопштение на Стејт департментот.  

Администрацијата на Трамп во 2018 година скрати околу 200 милиони долари помош за Палестинците со што ги влоши односите со палестинските лидери.

Извор:МИА