САД наметнаа санкции против технолошки компании и лица од Русија во обид Кремљ да се спречи да ги избегнува санкциите наметнати од Запад, се вели во соопштение од американскиот Стејт департмент.
Овој бран санкции доаѓа по казнените мерки објавени на 15 и 24 март против компании и лица од одбранбениот и индустриски сектор на Русија што „дава директна поддршка на воената машинерија на Путин“.
Санкционирани се 21 ентитет и 13 индивидуи. Од овие, 10 лица и 17 ентитети работеле на мрежи за избегнување на санкциите за пристап до западните технологии.
-Овие назначувања ќе го спречат понатамошниот пристап на Русија до западните технологии и меѓународниот финансиски систем. Ќе продолжиме со таргетирањето на воената машинерија на претседателот Путин со санкции од секоја насока сè додека оваа бездушна војна не запре, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.
Санкционирани се уште три лица вклучени во хакерски напади, покрај она кое претходно беше ставено на листата од Министерството за правда на САД.
„САД ќе продолжат да бараат одговорност од кибер актерите на претседателот Путин за подривачките, деструктивните или дестабилизирачки кибер активности насочени кон САД и сојузниците и партнерите, изјави Блинкен.