САД предупредува дека „странски актери“ ќе се обидат да ги дискредитираат изборите

19

Американските безбедносни служби, вклучително и за кибер безбедност, предупредија дека „странски актери“ најверојатно ќе се обидат да ги дискредитираат претседателските избори во ноември, искористувајќи го бавното броење на гласачките ливчиња испратени по пошта.

Американците се очекува да испратат рекорден број гласачки ливчиња по пошта за изборите на 3 ноември, на кои актуелниот претседател Доналд Трамп, републиканец и неговиот демократски противкандидат Џо Бајден, се главни кандидати

Голем број гласачи сметаат дека гласањето по пошта е побезбеден начин за гласање за време на новата пандемија на коронавирусот, која во САД веќе предизвика 200.000 смртни случаи.Но броење гласачки ливчиња испратени по пошта одзема повеќе време за пребројување отколку кога се гласа лично на избирачки места. Тоа „може да ги остави властите со нецелосни резулати во текот на изборната ноќ“, соопштија Федералното биро за истраги (ФБИ) и Агенцијата за кибер безбедност и безбедност на инфраструктурата во заедничкото соопштение за јавноста.

Странските актери и компјутерските криминалци би можеле да го искористат времето потребно за потврда и објава на изборните резултати со ширење дезинформации што вклучуваат информации за да ги одвратат гласачите од гласање, кибер напади насочени кон изборна инфраструктура, измами на гласачи или гласачки ливчиња“, наведуваат двете агенции. Тоа може да е во форма на нови страници на интернет или содржина на социјалните медиуми, велат тие. Целта ќе биде „дискредитирање на изборниот процес и поткопување на довербата во американските демократски институции“

Извор:МИА